Македонија
23. September 2019 - 16:21

Антикорупциска ќе се жали на одлуката на Управниот суд во корист на екс претседателот Иванов

Антикорупциска ќе ја обжали пресудата на Управен во корист на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов. Велат дека имаат доволно докази дека Иванов противзаконски ги потпишал указите за унапредувања во Армијата во период на распишани избори. Антикорупционерите пред Вишиот управен суд ќе докажуваат дека тие немале обврска да го повикаат Иванов бидејќи предметот го отвориле по сопствена иницијатива.

Во оваа судска одлука не се третира дали е правилно или неправилно постапувањето на претстадателот. Тие постапуваат од аспект на формата, односно дали сме требале да го повикаме претседателот како странка во нашата постапка. Таа одлука се однесува на процедурата. Ние сметаме дека сме постапиле правилно и ќе си аргументираме нашиот став во жалбата што ќе ја доставиме до Вишиот управен суд. Случајот не е загубен и се уште е жив. Не е разговарана материјалната страна. Ова се правни тактики, ако можам така да кажам и ние ќе се бориме“, вели претсеадтелката на Антикорупциската Комисија, Билјана Ивановска .

Претседателот Пендаровски пак кој веднаш по превземањето на функцијата со нови укази разреши двајца вработени во Армија, а на други двајца им ги потврди работните позиции на кои ги постави Иванов, денеска појаснува дека овој чекор следел откако неговиот кабинет утврдил дека во унапредувањата не се прави никаква штета на државниот буџет.

Управниот суд минатата недела ја уважи тужбата на Иванов против Државната комисија за спречување корупција, со образложение дека екс-престедателот не добил шанса да се одбрани од тврдењата на антокорупцинерите. Според управните судии преставката на антикосупциската комисија е безпредметна бидејќи Уставот не дозволува укинување на веќе стекнат офицерски чин.