Loading Video...
Македонија
25. July 2019 - 20:02

Антикорупциска бара раскинување на договорите со фирмите во сопственост на Нефи Усеини

Антикорупциска бара раскинување на договорите со фирмите во сопственост на Нефи Усеини.  Комисијата констатирала дека се прекршени законски одредби и има судир на интереси.Од општина Охрид денеска преку соопштение најавија дека локалната ќе постапи по насоките на Антикорупциската комисија согласно сите законски регулативи.

Мислењето на Антикорупциска доаѓа откако на тендерот за уривање на дивоградби распишан од Општина Охрид се пријави фирма во сопственост на советникот Нефи Усеини.

(Во дописот пишува дека советник во советот на општината, во смисла на член 8 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси има статус на службено лице и извршува јавни овластувања и должности, а во насока на член 51 став 1 од истиот Закон „Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство.

Согласно член 52 став 2 од Законот за спечување на корупцијата и судирот на интереси, ако службеното лице постапи спротивно на цитираниот став 1 на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи.)

Усеини е член на советот во општина Охрид ,од страна на опозицијата во неколку наврати беше обвинуван за нелегалната градба на пицеријата кај градскиот чинар и бетонската база на брегот од охридското езеро .Советникот за две години од општинските претпријатија добил 8 тендери во вредност од над 225 илјади евра а неговата фирма Нефи ИК има склучено 5 договори со Јавните претпијатија Охридски Коминалец,Градски гробишта и Нискоградба.

Усени пак наведува дека врз него изминатиот период се врши постојан медиумски притисок, особено по градежните активности на пицеријта кај Стариот чинар и оценува дека тоа се активности за дискредитација на неговиот углед и политички поени.