Живот
27. February 2021 - 13:51

Aнтарктик: Се откачи санта мраз со површина поголема од Лондон

Санта мраз, со површина поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол.

Вкупната површина на сантата е 1.270 квадратни километри, а нејзината дебелина е 150 метри.

– Времето ќе покаже дали ова одвојување на сантата во наредните денови или недели ќе предизвика дополнително расцепување на ледената покривка, рече Адријан Лакман, професор по геологија на универзитетот Свонси, пренесува Гардијан.