Анкета:Се намалуваат приврзаниците на останувањето на Велика Британија во ЕУ
Се намалува бројот на Британците кои го поддржуваат останувањето на Велика Британија во Европската унија, а изминатите недели е забележан пад од 54 на 49 проценти, покажуваат податоците од истражувањето на институтот Ипсос Мори.
Претходно такво истражување е извршено во Велика Британија во февруари. Тогаш за излез на земјата од ЕУ се изјасниле само 36 отсто од анкетираните, а сега со таков став се 41 отсто од анкетираните.
Според експертите ваква драстична промена на јавното мислење за толку кратко време се должи на новиот бран од миграциската криза во Европа.
Според нив случувањата на границите на ЕУ, како и секојдневните инциденти со нелегалните мигранти во францускиот град Кале, во непосредна близина на Велика Британија, поттикнале голем број Британци да го променат своето мислење за предностите на обединета Европа.
Ипсос мори нагласува дека последното истражување е спроведено на примерок од илјада жители меѓу 19 и 22 март, односно пред нападите во Брисел.
За 23 јуни во Велика Британија е закажан референдум, на кој граѓаните треба да одлучат дали ќе останат во ЕУ или ќе си заминат од неа. Конзервативниот премиер Дејвид Камерон е приврзаник на идејата за останување на Велика Британија во една реформирана ЕУ.
Ново на Сител
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата
-
Вина „Монтеко“ – Ризница од вкусови со уникатен печат
-
Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери | ФОТО