Свет
27. јуни 2017 - 9:38

Анкета: Сталин, Путин и Пушкин се најславни за Русите во историјата

Сталин, Путин и Пушкин се трите најславни личности во светската историја, тврдат руски граѓани во анкета на независната агенција Левада.

За 38 отсто Руси најважен е Сталин и покрај тоа што во тиранското владеење „на душа“ му се 20 милиони луѓе.

Со 34 отсто гласови на второ место се актуелниот претседател Владимир Путин и поетот Александар Пушкин.

Зад нив се Ленин, Петар Велики, Јуриј Гагарин, Лав Толстој...

Првиот странец, Наполеон е на 14 место, а тука е и физичарот Алберт Ајнштајн кој е 16-ти и Исак Њутн на 19 место.