Анкета: Седумдесет и три проценти од Србите не би војувале со Косово
Големо мнозинство од граѓаните на Србија сметаат дека не е оправдано да се влезе во вооружен конфликт со цел Косово „да остане“ во составот на Србија, покажа истражувањето на белградскиот Центар за политика во областа на безбедноста.
Косово прогласи независност во февруари 2008 година и досега е признато од околу 110 држави во светот. Србија не ја признава неговата независност и го смета за своја јужна покраина.
Седумдесет и три отсто од анкетираните сметаат дека не треба да се влегува во војна со Коосо, десет отсто сметаат дека треба да се војува со Косово, а 17 отсто одговориле дека „не знаат“.
Според истражувањето дури и мнозинството од десничарските партии, како Српската радикална партија и Двери не се подготвени да фатат оружје в рака поради поранешната српска покраина.
Највоинствени се младите меѓу 15 и 29 години, од кои 15 отсто би тргнале во војна за Косово, покажува анкетата, изработена со поддршка на норвешкото Министерство за надворешни работи од 26 декември до 14 јануари на примерок од 1.403 полнолетни државјани на Србија.
Што се однесува до членовите на политичките партии, 70,6 отсто од анекетираните од Српската прогресивна партија сметаат дека не е оправдано да се војува со Косово, кај Демократската партија тој процент е 86, 5, а истиот став го имаат и 70,2 отсто од приврзаниците на Социјалистичката партија на Србија.
За Косово не би војувале ниту 57,5 отсто од анекетираните од Двери, 87 отсто од приврзаниците на Либерално-демократската партија и 50 отсто од Српската радикална партија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација