Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ
Доколку идната недела се одржат избори, ВМРО ДПМНЕ би освоиле 26.9, а СДСМ 18.9 проценти од гласовите покажува последната анкета на Институтот Павел Шатев спроведена на репрезентативен примерок од 1230 испитаници, објавена денеска.
На трето место според истата анкета е ДУИ со 4,3 проценти доверба кај гласачите, БЕСА со 4,0 и Алијанса на Аалбанците со 2,1.
Никола Груевски има најголема доверба од 27,3 отсто од граѓаните, а Зоран Заев ја ужива поддршката од 15.5 проценти од анкетираните. Далеку зад нив е Ахмети со 4.1 отсто доверба, Билал Касами со 3.2, Села 2.4, Мендух Тачи со 1.1 и Љубчо Георгиевски во кого веруваат само 0.1 отсто од испитаниците.
55.1 процент од анкетираните одговориле дека не се задоволни од работата на новата влада во првите 100 дена, а 59.3 отсто очекуваат таа да работи полошо во иднина.
Анкетата како што посочуваат од Институтот Павел Шатев е спроведена во периодот помеќу 9 и 12 септември во сите шест изборни единици.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море