Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: СДСМ и Заев најпопуларни меѓу граѓаните
Партискиот, но и рејтингот на партиските лидери го објавија во третиот дел од истражувањето на јавното мислење МЦМС и Институтот за демократија, Социетас Цивилис.
Според анализите тие посочуваат дека Речиси и да нема разлика помеѓу рејтингот на двете најголеми политички партии во државата, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, односно разликата меѓу нив е во маргините на статистичката грешка. Актуелната партија на власт, СДСМ со 22,1% поддршка има благо водство пред опозициската партија - ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20,4% од испитаниците. Разликата помеѓу нив изнесува 1,7 процентни поени. Доколку утре се одржат парламентарни избори 6,6% од испитаниците одговориле дека би гласале за ДУИ.
Споредбено со податоците од истражувањето спроведено во ноември 2018 како што посочуваат авторите на истражувањето Rејтингот на СДСМ е намален за 4,7 пп во, а рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е намален за 1 пп.
Најголема доверба ужива лидерот на СДСМ Зоран Заев - 16,5% а веднаш зад него е лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со поддршка од 14,2%.
Споредбено со истражувањето спроведено во ноември 2018, довербата во лидерот на СДСМ паднала за 4,9 пп, додека пак довербата во лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски е зголемена двојно - за цели 6,8 пп.
Истражувањетое направено преку теренска анкета, на репрезентативен примерок од 1,000 испитаници во периодот од 15 ноември до 1 декември годинава. Сите резултати се подложни на статистичка грешка од 3,1%.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.