Македонија
19. April 2021 - 16:57

Анкета на МЦМС: 78 проценти од граѓаните сметаат дека сме во политичка криза

78% од граѓаните сметаат дека државата е во политичка криза, ваков став доминантно имаат симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и неопределените.

Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета на МЦМС за акутелните политички прашања.

За најголем број граѓани односно 36% излезот од политичката криза е во предвремени избори, една четвртина сметаат дека Владата има капацитет да се справи со кризата, додека за 15,7% решението е во формирање на широка коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата покажува и опадната доверба во Владата.

Според Кржаловски, за ваквата недоверба кај граѓаните придонесуваат и сликите кои изминатитот период ги гледаме во законодавниот дом, за што вина има и кај власта и кај опозицијата.

Анкетата на МЦМС е спроведена телефонски во периодот од 17 до 24 март годинава, на репрезентативен примерок од 1003 испитаници.