Македонија
7. July 2022 - 12:36

Анкета на ИПИС: Над 70% од граѓаните се против францускиот предлог

Македонците не сакаат во ЕУ со францускиот предлог.  Последната анкета на Институтот за политички истражувања покажува дека речиси три четвртини од Македонците и над половина од вкупниот број македонски граѓани не прифаќаат старт на преговорите со Европската Унија по цена Македонија да се согласи со францускиот предлог. Речиси 73% Македонци и 56% од вкупниот број граѓани се против старт на преговорите со францускиот предлог. Поддршка даваат само 15% етнички Македонци и нешто под 29% од сите македонски граѓани.

Речиси 68% етнички Македонци и 52% од вкупниот број на граѓани даваат поддршка на протестите. Против се околу 35%, иако овој процент меѓу етничките Македонци е само нешто над 21.

Само 16% од етничките Македонци сметаат дека новиот француски предлог е модификуван и во него се внесени барањата на премиерот Ковачевски. Меѓу сите македонски граѓани овој процент расте но и натаму едвај поминува една четвртина.

Близу 63% од Македонците и нешто под половина од вкупниот број македонски граѓани сметаат дека новиот француски предлог е ист како оној кој Македонија го одби во Брисел и дека измените се само несуштинска козметика.

Божиновски вели дека револтот на граѓаните веќе влијае и на партиските рејтинзи. Анкетата покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов има речи си 6,5 поени предност пред СДСМ. Ако следната недела има избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 22,1% од граѓаните а за СДСМ 15,7%.  Останатите партии немаат некои значителни промени на рејтинзите.

Во ИПИС велат очекувале вакви резултати.

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот меѓу 4 и 6 јули врз репрезентативен примерок од 1114 испитаници.