Анкета: Каталонците не сакаат независност
Повеќе од половината жители на Каталонија односно 50,5 отсто изјавиле дека не сакаат независна држава, покажуваат резултатите на каталонскиот Центар за истражување на јавното мислење (ЦЕО).
Анкетата е спроведена од 25 јуни до 21 јули, при што се испитани 2.000 жители на автономната покраина во североисточна Шпанија..
На прашањето „Дали сакате Каталонија да биде независна држава“ позитивно одговориле 42 проценти од испитаниците, што е помалку од јули 2017 година, како и од февруари годинава, кога 44,9 отсто се изјаснила „за“.
Каталонската Влада во октомври 2017 година организираше референдум за независност и покрај забраната од Уставниот суд на Шпанија. Поради организирањето на референдумот девет каталонски политичари минатата година беа осудени на затворски казни од девет до 13 години.
Регионалните избори во Каталонија би можеле да се одржат на есен или на зима, а трите партии кои се залагаат за независност во моментот имаат мнозинство во Парламентот во Барселона, 70 од вкупно 135. Места.
Каталонија од 1978 година има свој Парламент, Влада, полиција, а каталонскиот е службен јазик.
Шпанската централна Влада во Мадрид е задолжена за надворешната, одбранбената и фискалната политика.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација