-->
-->
Анкета: Австријците сакаат силен лидер
-->
Осумдесет години од обединување на Австрија кон Третиот рајх, резултатите од најновата анкета на организацијата „Фолксхилфе“ покажуваат дека Австријците сакаат силен лидер.
- Секој четврти Австриец сака силен лидер и тоа е потресен резултат. Сметам дека овој резултат е многу опасен, изјави директорот на „Фолксхилфе“, Ерих Фенингер.
Истражувањето покажува и дека Австриците покрај желбата за силен лидер инсистираат и на своето право на демонстрации. Дури 70 проценти од испитаниците оцениле дека ограничувањето на правото на демонстрации е напад врз демократијата.
Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер на 13 март 1938 година во Виена прогласи „аншлус“ (припојување, обединување) на Австрија кон Третиот рахј, по што почна прогонот на Евреите и неистомислениците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата