Анкара незадоволна од одлуката на грчкиот суд да ја блокира екстрадицијата на турските војници
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Анкара повторно е разочарана од одлуката на грчкиот Апелационен суд, што денеска го одби турското барање за екстрадиција на последните двајца, од вкупно осум, турски војници, кои избегаа во Грција во јули по осуетениот обид за преврат во Турција, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Екстрадицијата на останатите војници беше блокирана во текот на последните две недели.
Турското Министерство посочи дека станува збор за одлука донесена со „политички мотиви“.
- Ние не можеме да ја видиме поддршката и соработката, што треба да ни ја укажат нашите сојузници во борбата против тероризмот и криминалот, посочи Министерството.
Турското Министерство истакна дека одлуката „неизбежно ќе ги засегне билатералните односи“, како и заедничката работа по регионалните прашања.
Турција тврди дека предметните војници се вмешани во обидот за преврат, и поднесе второ барање за екстрадиција во јануари откако Врховниот суд на Грција го отфрли првото барање.
Осуммината војници се приземјија со воен хеликоптер на аеродромот во градот Александруполис неколку часови по неуспешниот обид за преврат во Турција.
Тие веднаш поднесоа барање за азил во Грција, наведувајќи дека стравуваат за сопствените животи, но негираа дека учествувале во пучот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање