Живот
3. March 2017 - 10:02

Анголката Марија Боргес е нов идеал за убавина

Анголката Марија Боргес, една од омилените модели на Викторија Сикрет, стана нов идеал за убавина. 

Имено, оваа убавица со темна кожа е новото заштитно лице на Лореал од Париз. Така и Боргес се приклучи на амбасадорките на Лореал како Ева Лонгорија, Блејк Лејвли, Џенифер Лопез, Даутзсен Крус и Лија Кебеде.

Боргес насловните страни ги освојуваше уште во 2015 година, кога стана прв модел кој некогаш одел на ревии на Викторија Сикрет со афро фризура, а носела и ревии на Шанел, Балмаин и Живанши, пренесува Elle.

- Верувам во убавината на различноста и во силната порака дека девојките кои почнуваат од дното можат да станат меѓународен симбол на убавина, да се биде жив доказ дека соновите се остваруваат, како и дека иднината е светла, вели Боргез.

Врвот на кариерата Боргез го доживеала во 2010 година, по победата во трката за Елит Модел Ангола.