Џет-Сет
24. March 2016 - 22:58

Англиски фудбалер oсуден на шест години затвор за секс со малолетничка

Фудбалерот на англискиот премиерлигаш „Сандереленд“ Адам Џонсон (28) е осуден денеска од суодт во Брадфорд, на шест години затвор, за сексуален однос со 15 годишна девојка.

Во текот на судењето Џонсон призна дека и се додворувал, а дека еднаш имал и сексуален однос со малолетничката.

Судијата во процесот, во образложението на пресудата рече дека девојката „доживеала тешки психички повреди“ како и дека добивала закани и „илјадници навредливи коментари“ на социјалните мрежи.

За осудениот Џонсон, судијата рече дека ја „злоупотребила довербата „на младите навивачи кои во него гледале пример за углед и дека е виновен затоа што бил свесен оти оти девојката е помлада од 16 години, а тој сепак почнал да и се додоворува за да ја придобие.

Адам Џонсон ја почна фудбалската кариера во „Мидлсборо“ а потоа се префрли во „Манчестер Сити“.

Од 2012 година, тој е играч на „Сандерленд“.

Во периодот меѓу 2010 и 2012 година, Џонсон имаше 12 настапи за англиската фудбалска репрезентација.