Фудбал
29. јуни 2021 - 20:06

Англија ја порази Германија на „Вембли“ за четвртфинале на ЕУРО2020

Англија обезбеди пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на ЕУРО2020, откако вечерва во Лондон со два гола во завршните 15 минути ја совладаа Германија во претпоследниот осминафинален натпревар на Европското првенство.

По неколку неискористени идеални шанси на двете страни, особено во првото полувреме, Англичаните беа тие, кои го отворија резултатот на стадионот „Вембли“ преку Рахим Стерлинг во 75 минута.

Истиот играч само пет минути подоцна и подари колосална шанса за израмнување на германската репрезентација, но Томас Милер биеше за малку непрецизно откако се најде очи в очи со англискиот голман Џордан Пикфорд.

Казната за промашувањето стигна на спротивната страна во 86 минута со дебитанскиот гол на Хари Кејн на ЕУРО2020.

Англија во четвртфиналето ќе игра во Рим против победникот од вечерашниот завршен осминафинален натпревар меѓу Украина и Шведска.