Анѓушев: Првпат растот е одраз на реалната економија
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при денешната посета на стопанските капацитети во Свети Николе забележа дека економијата не оди во надолна линија, туку според него бројките кажуваат дека оди токму во нагорна линија.
- Минатата година имавме негативен раст, после тоа првиот квартал не беше најдобар. Меѓутоа вториот квартал во 2018 година спореден со вториот квартал во 2017 година имаше раст од 3,1 отсто. Она што мислам дека е многу важно да го потенцираме, тој раст од 3,1 отсто е остварен при пад на градежништвото од 17 проценти. Знаете растот во Република Македонија обично го обезбедувала државата со своите активности. Овој пат, првпат растот е одраз на реалната економија, изјави Анѓушев.
Тој забележа дека овој растот не го направи државата со вештачки проекти.
- Јас очекувам дека градежништвото со раздвижување на три-четири големи проекти, кои што сега се случуваат, а тоа е пред се автопатот Кичево-Охрид, железницата кон Бугарија, гасоводот, ќе го врати растот на нормалното ниво. Но, притоа не со вештачки проекти, туку со инфраструктурни проекти, кои ќе бидат корисни и со самото тоа очекувам подобри бројки, потенцира Анѓушев.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак