-->
-->
Ангеловски: Секој освоен бод против Израел и Италија е успех но можеме и до победа
-->
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска на прес конференција го соопшти списокот на играчи за претстојните квалификациски дуели со Израел и Италија во Скопје (6 и 9 октомври).
За првпат на списокот на Ангеловски е голманот Богатинов кој е повикан на местото на Димитриевски кој не брани во својот клуб.
Покрај Богатинов во репрезентацијата се враќа и Адис Јаховиќ.
Во дефанзивата се повикани само 5 играчи истите кои го одиграа и мечот во гости со Албанија: „ По мечот во Скадар изјавив дека не сум задоволен од реакцијата на одбранбените играчи но анализите покажаа дека сепак имале добар учинок и на Албанија и дозволивме само еден директен удар кон нашиот гол. Тоа е и причината што верувам во оваа одбранбена линија“ - рече Ангеловски.
И покрај повредата повикан е и Тричковски кој се жали на повреда но постојат шанси да настапи против Италија. Првиот стратег на „рисовите“ изјави дека ќе биде задоволен од секој освоен бод против силните противници но дека голем успех би било освојување на три бода.
СПИСОК А - РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
Голмани: Косатдин Захов (Шкендија) и Мартин Богатинов (Етникос). Одбрана: Ванче Шиков (Нефчи), Леонард Жута (Ријека), Кире Ристевски (Вашаш), Стефан Ристовски (Ријека) и Даниел Мојсов (АЕК Ларнака. Среден ред: Милован Петровиќ (Осијек), Остоја Стјепановиќ (Слацк Вроцлав), Стефан Спировски (Вардар), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс), Езџан Алијоски (Лугано), Ферхан Хасани (Шкендија), Душко Трајчевски (работнички).
Во нападот се повикани: Горан Пандев (Џенова), Иван Тричковски (АЕК Ларнака), Илија Несторовски (Палермо), Бесарт Ибраими (Шкендија) и Адис Јаховиќ (Газијантеп). Средбите со Израел и Италија ќе бидат одиграни на 6 и на 9 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра