Фудбал
13. јуни 2021 - 12:49

Aнгеловски: Оваа бајка ќе ја паметам до крајот на мојот живот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски по повод историскиот прв натпревар на Македонија на Европските првенства се обрати преку својот Фејсбук профил до играчите и упати силна порака.

„Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија денес да се чувствува гордо. Денес цел свет ке застане во чест на Македонската химна. Вие сте мои херои и оваа бајка ќе ја паметам до крајот на мојот живот. Благодарам на целиот наш народ без разлика на вера и нација за поддршката. Дечки ви благодарам и ве сакам, одиме по историја“, напиша популарниот Мрме.