Loading Video...
Фудбал
5. October 2020 - 19:58

Ангеловски го одржа првиот тренинг пред дуелот со Косово

Македонската фудбалска репрезентација денеска попладне ја имаше првата прозивка  а потоа селекторот Игор Ангеловски го одржа и првиот тренинг во рамките на подготовките за бараж средбата со Косово во Лигата на нациите. 

Дел од репрезентативците не тренираа чекајќи ги резултатите од ковид-тестовите додека групата која излезе на терен ја предводеше капитенот Горан Пандев. 
Поради позитивен тест на корона-вирус на оваа средба нема да настапи првотимецот на Наполи Елиф Елмас.