Фудбал
13. јуни 2021 - 17:53

Ангеловски го одреди почетниот состав за дуелот со Австрија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски одлучи со кои единаесетмина ќе го почне натпреварот со Австрија.

На голот ќе биде Столе Димитриевски. Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски. Средниот ред ќе го сочинуваат Аријан Адеми, Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас. „Најистурени“ ќе бидат Горан Пандев и Александар Трајковски.

Натпреварот кој за црвено-жолтите“ ќе биде деби на ЕП, ќе почне во 18 часот на „Национална арена Букурешт“.