Ангеловска: Наплатата на даноци и придонеси подобрена за 10,7 отсто во јануари во однос на лани
Буџетот е ликвиден, а во јануари наплатата на даноците е подобра за 10,7 отсто во однос на истиот период лани или повисока за 23 милиони евра, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета во Свети Николе.
– Буџетот е ликвиден, одлична е реализацијата на буџетот во месец јануари. Имаме зголемување на даноците и придонесите за 10,7 отсто во јануари во споредба со истиот период минатата година, имаме раст на придонесите од 19 отсто, раст на наплатата на ДДВ од 6,2 отсто, на акцизите, што покажува одлична реализација и дека економијата е стабилна. Исто така и реализацијата на расходната страна е добра, се работи за солиден почеток и се надевам дека и во следниот период, и покрај тоа што е предизборен период, дека позитивните ефекти, како членството во НАТО ќе преовладаат и дека економијата ќе продолжи да се движи во позитивна насока и во следниот период, рече Ангеловска.
Министерката за финании во рамки на работната посета на Општината оствари средба со бизнис заедницата и посети инвестиција преку Проектот за подобрување на општински услуги – Градскиот пазар, заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Свети Николе, Сашо Василевски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација