Ангеловска: „Купувам домашно“ ќе создаде навики за купување домашни производи
Купувањето на домашните производи и летувањето во земјата не треба да се однесува само на корисниците на домашните платежни картички и ваучерите, туку треба да го практикуваат сите граѓани бидејќи на тој начин даваме поддршка на домашната еконоија и за зачувување на работните места. Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција посочи дека овие две мерки се системски и промовираат повеќе промени кои треба да се воведат во општеството, како безготовинско плаќање, купување домашни производи, намалување на неформалната економија.
-Ова е многу повеќе од кампања, ова е многу повеќе од стимулирање на безготовинско плаќање, од важноста на плаќање со картичка - и поради ширење на заразата и поради тоа што тоа е начинот да се движиме кон современо општество. Воедно и поради сите аспекти како целосен голем и обемен проект кој навистина ќе придонесе да се амортизира ударот врз економијата и поради тоа што се работи за кампања за кревање на свеста, без разлика дали ја имаме картичката или ја немаме, сметам дека сите треба да бидеме свесни што значи купувањето на домашни производи, што значи одењето на одмор во земјата за економијата, за работниците за оние кои што се трудат и на кои им е потребна сега поддршката – рече Ангеловска.
Министерката за финансии посочи и дека во насока на поддршка на купување домапни производие направена промената за да се враќаат 20% ДДВ преку апликацијата МОЈДДВ за купување на македонски домашни производи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација