Македонија
2. December 2021 - 16:36

Ангелов: Влада па преговори и договор

Десетина дена пред самитот на ЕУ, во Стразбур на работна средба германскиот престедател Штајнмаер и неговиот колега од Бугарија, Радев разговараа за бугарското вето за Македонија и безбедноста во регионот. На состанокот Радев истакнал дека очекува спорните прашања да се решат преку активен билатерален дијалог со Македонија на највиоско ниво. Тој ја искористил можноста да ја изложи бугарската позиција, но и да ја обвини македонската страна за дискриминација и фалсификат.

Нашиот југозападен сосед треба да покаже европска зрелост и почитување на вредностите на ЕУ со преземање конкретни активности за запирање на говорот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научните институции, јавните медиуми, да запре со фалсификување на бугарското културно-историско наследство и особено да ги почитува правата на своите граѓани, кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет – рекол Радев на средбата со германскиот шеф на државата Штајнамер. 

За решавање на спорните прашања потребно е прво да се формира новата Влада во Софија. Бугарскиот амбасадор Ангелов од Штип порача дека 

разговорите продолжуваат и тие никогаш не запреле. Се разбира тие се доверливи, помеѓу двете министерства за надворешни работи. Сега се надеваме дека ќе имаме нова Влада. Утре е првата седница на новиот парламент во Р Бугарија и се надевам дека новата политичка Влада ќе се договори со Владата на РСМ, додаде Ангелов.

Ангелов  смета дека Договорот за добрососедство не се спроведува и тука лежи проблемот. Што се однесува до почитување на првата на македонското малцинство во Бугарија, амбсадорот се повика на бугарскиот Устав.

Во моментов на преговарачка маса мегу Бугарија и Македонија е планот пет плус еден, а коалиционите партнери на идната бугарска влада најавија можност да биде преиспиотана  собраниската декларацијата од 2019 година.