Ангелов: Нема опасност од отровни гасови од пожарот во Тетово
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов информираше дека иако има густ и црн чад од пожарот во Тетово, безбедна е состојбата од аспект на отровни гасови. Испитувањата ги направи аримската единица за атомско-биолошко-хемиска опасност.
-Оваа единица влезе непосредно до самиот пожар и со најмодерна опрема изврши испитување на воздухот и утврди дека нема опасни, отровни гасови во воздухот. Извршија испитување на воздухот во околината и состојбата од аспект на отровни гасови е безбедна. За секој случај очекуваме дополнително испитување бидејќи има мала веројатност за отровни гасови за што нема можност да се детектира. Но потенцирам дека имаат најсовремена опрема донирана од Америка. Видливо е дека има пм10 и загаден воздух, но сме пред локализирање на пожарот, има контрола. Уште еден хеликоптер интервенира за стопирање на линијата на ширење на пожарот, изјави Ангелов.
Фабриката „Македонија табак“, во која утрово околу 9 часот избувна пожарот, има лимен покрив и бетонска плоча и водата од хеликоптерот не може да продре внатре, појасни Ангелов.
-Воедно, хеликоптерот не може да влезе во густ чад и на работ влегува и интервенира. Хеликоптерот дејствува од воздух, а пожарникарите од земја, надмината е опасност од било каква експлозија, рече Ангелов.
Голем број работници во текот на денот отстранија големи количини градежни материјали за кои се смета дека се запалливи.
Ново на Сител
-

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров
-

Словенија: Илегалниот отпад е бизнис вреден милиони евра, полицијата формира посебен оддел за еколошки криминал
-

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита
-

Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос
-

Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост
-

Средба на претседателот на Собранието Гаши со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
-

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени
-

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата
