Ангелов: Хеликоптерите се вратени во Скопје да наполнат гориво
Хеликоптерите се вратени во Скопје за да наполнат гориво и повторно ќе се вратат на терен, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Со цел да не се враќаат хеликоптерите до Скопје за гориво, Ангелов истакна дека во моментот се работи на надминување на правните пречки за да може да биде доставена цистерна со керозин најблиску што може.
– Ние се обидуваме што поблиску да однесеме цистерна со керозин за да не мора хеликоптерите да се враќаат назад до Скопје, но протоколите и законите тоа го отежнуваат. Се обидуваме овој момент да го надминеме. Во спротивно, хеликоптерите ќе гаснат и потоа ќе се враќаат во касарна за гориво. Кога ќе фатат жештините, ќе мора да направат пауза, вели Ангелов во изјавата за МИА.
По прогласувањето на кризна состојба во траење од 30 дена, Ангелов за денеска во 13 часот го свика Главниот штаб за да се изработи акциски план, а веднаш се очекува да биде свикана прес-конференција.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор