Балкан
14. јуни 2018 - 21:44

Ангелите не умираат: Погребан малечкиот Алекса, лелеците на неутешната мајка го параа небото над Суботица

Ангелите не умираат, му рече на испраќањето на малиот Алекса, на таткото Драган, свештеникот на Православната црква Свето Вознесение во Суботица, додека го поставуваа малиот бел ковчег на одарот пред капелата на православните гробишта во Дудова шума.

-Душо моја, сине мој единствен, како ќе можеме без тебе, лелекаше мајката над ковчегот на своето чедо, а нејзините лелеци го параа небото над Суботица.

Над 1000 луѓе дојдоа да го испратат кон вечното почивалитеште детето Алекса Д. од Суботица, кој пред три дена трагично настрада на Дивчибара. Алекса до вечната куќа беше испратен од капелата каде беше одржано опело.

Белиот ковчег беше отворен, додека во колона Алекса го испраќаа стотици луѓе, сите со свеќи во рацете. Секое одделение од училиштето испрати венец со послен поздрав за малиот Алекса, која на главата ја имаше својата спортска капа, зошто веќе освои награда за одбојка со своите другари.

Под качкетот, на лицето на преубавото момче видливи беа трагите од безумникот кој го усмрти со своето возило, кога без да закочи влета во колоната деца кои беа на екскурзија.

Илјадници луѓе плачеа над посмртните останки од детето, кое пленело со својата добрина, и никогаш никого не налутило, говореа лелекајќи двете негови баби, Златинка и Катарина. По него плачеше неутешната постара сестра, а кон вечното почивалиште го испратија и неговите дедовци.

Мајката Марина на своето чедо му стави играчки во неговиот бел сандак.

-Срце мое, со кого ќе си играш на небото, во својата нова куќа. Кој таму ќе ти раскажува приказни, кукаше неговата неутешна мајка. Ниту постарите луѓе не ги криеја солзите. Владимир и Марина, полусестрата, бабите и дедовците и роднините, големиот број познаници, пријатели и граѓани...

Нелагодната тишина и зборовите на таткото Драган, ја прекинуваа лелеците на роднините, кога малата бела куќичка на Алекса беше затворена, а колоната тргна од капелата. Потоа сандакот на детето го спуштија во гробот на вечна починка.

Во Грабовачката улица сите автомобили застанаа, за да го пропуштат малиот Алекса на последното патување. Барем така да застанеше само еден автомобил, оној кој без да закочи го прегази, немаше денеска да го има овој тажен собир и комеморацијата во ОУ Милош Црњански, каде пред погребот се собраа децата, неговите врсници, родителите и наставниците. Директорот Милош Вукадин ги прочита последните зборови за најдобриот ученик во третите одделенија, најдобриот спортист и доброто дете.

-За семејството на Алекса сите велат дека се добри луѓе. Ова е страшна трагедија. Не можам да замислам како ќе преживеат родителите. Мајката на Алекса беше моја ученичка, како ќе продолжи таа без детето и баба Златинка без внукот. Беше умно дете. Го сакаше спортот и беше успешен, се го интересираше. Никогаш нема да го прежалиме, вели пријателка на Марина.

Наставничката Слободанка плачеше на комеморацијата во училиштето. И таа е полесно повредено, но сега на сите само Алекса им е во мислите.

Родителите на децата од училиштето посебно ги донесоа своите деца на погребот на Алекса. Организирано испраќање немаше зошто децата веќе претрпеа голем шок и траума и пружена им е адекватна стучна поддршка во ситуацијата која ја доживеаја, зошто дури по враќањето дознааа дека Алекса не е жив.

Алекса загина на 11 јуни, на петтиот ден од екскурзијата, на Дивчибари на рекреативна настава, кога на колоната деца, со тојота налета возачот В.В. (43). Наместо да го дочекаат во радост, мајката Марина и таткото Владимир своето дете го дочекаа во мал ковчег, кој мораше да му го подготват во Ваљево, кога отишле да го видат.

Детето од здобиените повреди починало на самото место, додека две девојчиња и наставничката се здобиле со полесни повреди.