Џет-Сет
1. August 2015 - 21:02

Анџелина Џоли во посета на Мјанмар

Холивудската актерка Анџелина Џоли, која е специјален амбасадор на високиот комесаријат на Обединетите нации денеска се сретна со работничките во Јангон, со цел да се запознае со тешките услови за живот.

Џоли беше придружувана од опозициската лидерката во Мјанмар, Аунг Сан Су Чи.

Актерката е во четирдневна посета на Мјанмар.

Џоли и Аунг се сретнаа со жените во близина на индустриската зона во Мјанмар.

Претходно, Џоли го посети бегалскиот камп, каде живеат над 10.000 раселени луѓе поради конфликтот меѓу Владата и бунтовниците.