Џет-Сет
18. January 2016 - 18:38

Анџелина Џоли во „екстремно слабо“ издание

Во последно време во американските таблоди зачестија написите дека познатата актерка и режисерка Анџелина Џоли е на работ на анорексичност. 

Ваквите тврдење се засилија од како на премиерата на филмот „Кунг фу панда 3“, Џоли се појави во црн фустан во кој изгледаше екстремно слабо.

Некои таблиди оценија дека Џоли е премногу слаба, а фустанот што го носела на премиерата дополнително ги истакнал нејзините слаби нозе.

Ваквите тврдења предизвикаа загрижност кај многу од обожавателите на Џоли во врска со нејзината здравствана состојба. 

Џоли предизвика контроверзи и со нејзиното подложување на хируршки зафати со цел да спречи можна појава на рак на дојката и јајниците, па сега многумина коменираат дека таа „никако не може да се врати во нормала по овие непотребни операции“.