Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите од утре пред МНР во 17 часот
Дозволете да ве информирам дека на седницата на Извршниот комитет кој се одржа вчера во Битола, донесена е одлука за продолжување на протестите за спречување на националниот срам кој и се подготвува на Македонија од страна на Зоран Заев и неговите соработници.
Зоран Заев е таткото на спорот со Бугарија. Иако ја убедуваше македонската јавност дека со потпишувањето на спорниот договор повеќе немаме отворени прашања со соседите, очигледно е дека се отворија нови и досега неоспорувани теми. Република Македонија е блокирана.
Протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се' се подготвени да прифатат од бугарската декларација.
Го повикуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев. Доколку во истиот не се задира во македонскиот јазик, идентитет и историја, тогаш зошто Заев и Османи го кријат овој документ?
Се додека на тајни преговори се подриваат македонските национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира заедно со граѓаните на Република Македонија. Протестите продолжуваат утре од 17:00 часот пред МНР во Скопје.
Би сакале да и се заблагодариме на македонската јавност на трпеливоста во метежите на улиците, но треба сите да разбереме дека ова е наша национална борба, борба за спречување на разградувањето на македонската нација.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО