Џет-Сет
28. March 2016 - 14:33

Анастасија јавно откри: Ова е вистината за ќерката на Цеца

 

Ќерката на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, и нејзиното момче Костадин Терзиќ неколку пати до сега се разделуваа. 

Сега Анастасија стави крај на сите шпекулации поврзани со нив.

-Фотографиите не се мерило за љубовта и показател колку двајца се сакаат или не. Костадин и јас сме две години заедно, иако ретко не гледате на фотографии, ова е причината зад тоа. Заедно сме, убаво ни е, и не сме раскинале затоа што не објавуваме заеднички фотографии на социјалните мрежи. Ова се однесува на оние кои ги интересира и постојано ми праќаат пораки со едно исто прашање. Инаку, овој пат правам исклучок за да ставам точка на сите гласини и на прашањата од тој тип. Благодарам на разбирањето – напиша Анастасија и објави видео на кое вели дека Костадин не сака да се експонира бидејќи мисли дека не е фотогеничен.