Анализата за екстра лесното гориво готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет
Анализата за екстра лесното гориво е во завршна фаза. Се очекува финална проверка и таа да биде објавена, ако е можно и додека трае вонредната состојба. Ова го најави министерката за финансии Нина Ангеловска, денеска на прес-конференција, додавајќи дека ова е прашање што долго време се провлекува и се дискутира, но дека се работи за системско решение кое треба да значи решение на долг рок.
-Ние бараме начини, разгледуваме дали е воопшто законски возможно да се носи ваква одлука во време на вонредна состојба, бидејќи ефектите и анализите се јасни дека на ова прашање треба да се најде решение со оглед на значајноста за животната средина пред се, а потоа секако и за евентуално влијание врз приходната страна на буџетот, рече министерката.
Таа додаде дека анализата прикажува дека околу 30 проценти од вкупната потрошувачка е од страна на јавните институции, тоа се училишта, градинки, јавни здравствени установи итн, додека 70 проценти се приватните компании, во кои потрошувачи се и фабрики и млекари пекари и секако во овој дел имаат удел и бензиските станици.
Министерката вели дека во анализата има лепеза здружена од три мерки што треба да бидат преземани наеднаш како сет.
-Едниот предлог е постепено во рок од 18 месеци покачување за да се остави период за транзиција, другиот предлог е изедначување на квалитетот во исто време со изедначување на износот на акцизата и во исто време со воведување на механизам за поврат на оние коишто ја користат за крајната употреба, која што е определена.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација