Македонија
17. September 2021 - 21:18

Анализа: Колку барања од македонските власти за екстрадиции не се реализирани?

Зошто земјите од балакнот имаат проблем кога се во прашање екстрадициите, дали се проблем националните законодавства, двојните државјанства или пак не доволно добрата соработка. Ова прашање се отвора по вчерашната изјава на премиерот на Косово кој иако истакна дека двете влади соработуваат и имаат редовен контакт сепак не кажа зошто досега  не се екстрадирани долго бараните обвинети во случајот Монструм. Првообвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири во случајот монструм избегаа на косово по петкратното убиство на Смилковско во 2012г. Според информации на Сител, Барањата за екстрадиција се одбиени од косовските власти испратени се нови но нема одговор. За Африм исмаиловиќ одговориле дека не можат да го лоцираат за да постапат по предметот. Министерот за правда во тема на денот потврди дека за нивна екстрадиција се дадени сите гаранции дури и повторено судење.

Но, освен Косово, Швајцарија е втората земја која има најголем број одбиени барања за испорачување на осудени лица, додека пак со Германија имаме најдобра соработка.

Според податоците до кои дојде Сител, Македонија годишно бара по околу 200 екстрадиции но државите испорачуваат многу мал број од овие лица. Во 2018 од 237 одбиени се 53 барања, испорачани 77 лица.

2019 од 247 донесени се 83 лица а одбиени 32. За останатите нема одговор по барањата. Лани биле побарани 287 лица кои треба да одговораат во земјава, донесени се 82 а одбиени се 37 барања за екстрадиција.

Меѓу позвучните имиња за кои се бара екстрадиција се поранешниот премиер Никола Груевски за кого властите биле одбиени од Унгарија бидејќи тој  добил азил. Одбиени се барањата и за Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се обвинети за масовното прислушување во земјава. Грчките власти каде што се наоѓаат двајцата, одговориле дека не можат да ги испорачаат бидејќи тие добиле помилувања од претседателот на Македонија. Иако беше отповикана ваквата одлука, грчките инстгитуции повикувајќи се на европската легислатива одговорија дека еднаш доделено помилување не може да се отповика и одбиваат да постапат по нови барања.. За Бошковски е побарано повторно тој да биде екстрадиран и во предметот е наведено и обвинението за 27 април. Повеќе од деценија се чека испорака и на екс стечајниот управник Владислав Тамбурковски осуден на 10ипол години затвор за економски криминал. Тој не стравува дека ќе биде испорачан пред лицето на правдата бидејќи поседува бугарски пасош. Благодарение на српски пасош и поранешниот прв човек на Царина Драган Даравелски е заштитен во Србија. Тој е осуден на 7 години затвор.