Македонија
27. November 2016 - 16:49

Анализа: Изјавите на Заев контра националните интереси имаат континуитет

Менувањето на уставот и федерализација на Македонија кои ги промовира Заев се опасни тези тврди македонскиот историчар и универзитетски професор Виолета Ачкоска. За утринската програма на Сител таа изјави дека лидерот на опозицијата несмее да се игра со чувствата на македонскиот народ, ниту да преговара за националните интереси.

Според Ачкоска политичарите кои бараат помош од странски фактори да дојдат на власт покажува дека тие не свртени кон националните интереси.

Реакциите на Ачкоска пристигнуваат по изјавите на Заев за редифинирање на државата преку промена на уставот и воведување на двојазичност.