Свет
19. January 2017 - 12:03

Анализа: ИД во 2016 година изгуби речиси една четвртина од териториите

Исламска држава минатата година изгуби речиси една четвртина од териториите во Ирак и во Сирија, се наведува во најновата анализа на британската компанија „ИХС Маркит“.

Во тој период, самопрогласениот калифат на ИД се намали од 78.000 на 60.400 километри квадратни, наведува компанијата за анализа и собирање на безбедносни информации.

- ИД претрпе територијални загуби без преседан во 2016 година, вклучително и клучни области кои беа од значење за нивниот проект на владеење, изјави шефот на „ИХС Маркит“, Колумб Страк.

„ИХС Маркит“ предвидува дека ирачките сили до средината на годината ќе го ослободат Мосул, но оти Рака, упориштето на ИД ќе биде „тврд орев“.