Македонија
16. September 2021 - 21:18

Анализа: Фиоките полни со предмети - колку случаи има секој судија за постапување?

Еден судија од Крвичниот суд во моментов работи и по 100тина предмети. Според податоците од судот, одделот кривично полнолетни, постапува по над 1900 случаи, а ги работат 15мина судии, или во просек, секој од нив води по близу 130 предмети. Седумтемина судии во одделението кое се занимава со решавање на посложените предмети, односно од  областа на организиран криминал, истовремено судат по 20 случаи.

Од Судскиот совет предупредуваат дека следи период во кој многумина судии ќе заминат во пензија, па како итно се отворало прашањето за избор на нови судии. Велат, иако земјава е над европскиот просек, за да се намали бројот на предмети во судовите, биле потребни дополнителни судии.

Според Адвокатот Јанаки Митровски, немало потреба од нови судии. Бројот на предмети ќе се намалел ако се вработат судски службеници.

Моментално во земјава работат околу 600на судии.