Македонија
23. March 2023 - 21:17

Анализа: Дали зачестените посети и притисоци ќе ја сменат одлуката на опозицијата?

Тет-а-тет средба на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со германската министерка Бербок за уставните измени. 

Притисокот од европските дипломати кон опозицијата се посилен. Сепак, средбата без резултат - уставни измени под бугарски диктат нема да има и дека овој пратенички состав нема мандат да учествува во таков процес – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бев дециден дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се впушта во таков процес кој го наметнува власта која пак на тоа гледа како начин да купи време и да се амнестира за криминалот кој се прави на дневно ниво“, напиша Мицкоски на Фејсбук. 

И аналитичарите согласни дека и покрај засилениот дипломатски притисок ВМРО-ДПМНЕ нема да го смени ставот за уставни измени без некаква концесија од Брисел.

Според професорот Божиновски, тоа би биле гаранции од ЕУ дека повеќе нема да бидат испорачувани дополнителни услови за земјава на европскиот пат.

И според аналитичарот Арсовски, опозицијата е идентификувана од странците како фактор од кој зависи откочувањето на еу-процесот. Но, промени во ставовите речиси се невозможни, вели тој.

Пред посетата на Бербок, Македонија со слични пораки во контекст на евроинтеграциите ја посетија и високиот претсавни на ЕУ Борел, како и еврокомесарот Вархеј. Наредната недела пак, во Скопје доаѓа сојузниот претседател на Австрија Ван Дер Белен.