Македонија
9. December 2019 - 16:37

Анализа: Дали овој собраниски состав ќе го менува законот за јазиците?

Мали се шансите законот за јазици да биде променет од овој парламентарен состав согласно препораките на Венецијанската комисија, велат политичките аналитичари.

Тие својата прогноза ја темелат на тоа дека премиерот Зоран Заев најави ревидирање на законот согласно забелешките на странските екперти, ноо ден подоцна ретерираше по заканите на вицепремиерот  Османи дека отворањето на законот без вметнување на двојазични пари и униформи ќе ја врати состојбата во македонско албанските односи пред 2001 година.

За разлика од него политичките налитичар Петар Арсовски смета дека зкаонот за јазици ќе се модифицира по изборите зависно од новата владина колиција.

Двајцата анлитичари велат дека мислењето на Венецијанската комисија за законот за јазици  нема да помине без последици по владината коалиција.

Венецијанската комисија во петокот донесе конечно мислење за законот за јазици во кое бараат преиспитување на зкаонот од страна на македонските власти со вклученост на сите засегнати страни.  Најмногу забелешки дадоа  однос на употребата на албанскиот ајзик во судските постапки.