Македонија
23. September 2021 - 21:17

Анализа: Дали е остварлива конфискација на нелегално стекнат имот кај сите граѓани?

Законот за потекло на имот кој предвидува конфискација ќе го намали коруптивното однесување на функционерите и граѓаните, сметаат во антикорупциската комисија. Велат, неисплатливо е некој да се занимава со финансиски криминал кога знае дека стекнатиот имот за кој нема покритие ќе му биде одземен и без против него да се води кривична постапка. Предлагаат да биде одземен секој денар за кој не постои доказ како е стекнат.

Вицепремиерот за борба против корупцијата, во тема на денот објави дека е веќе готов нацрт законот за потекло на имот со конфискација. Според Николовски, законот предвидува одземање на имот чија вредност надминува 30 илјади евра, а не постои доказ како е обезбеден. Главниот збор за нечие неконтролирано богатење ќе го имаат граѓаните.

Експертската јавност предупредува законот да не се користи за политички и бизнис реваншизам. Утврдувањето на потеклото на имот предлагаат да го прави независно тело.

Според вицепремиерот со овој закон сите кои се подготвени да лежат и во затвор, но да ги задржат нелегално стекнатите пари ќе бидат демотивирани.