АМСМ предупредува: Бидете внимателни на патот Тетово-Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка од село Гајре до село Лисец. Слаб дожд врне низ цела држава.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид