Loading Video...
Спорт плус
24. September 2019 - 19:56

АМС: „Олимписка“ стипендија за борачот Нуров

Борачот Могамедгаџи Нуров кој освои бронзен медал на СП во Казахстан ќе добие олимписка стипендија во висина од две месечни плати во Македонија секој месец за успешно подготовки за ЛОИ во Токио за што со овој успех обезбеди норма.
Ова го соопшти на денешниот прием во АМС директорот Дарко Каевски кој истакна дека очекува овој успех на Нуров да биде поттик и за останатите спортисти да изборат норми за олимпијадата во Токио.