Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим изјави дека тимот ќе има тежок период во блиска иднина.
-Знам дека е фрустрирачки за навивачите, но ние менуваме многу во овој момент, со многу натпревари. Ќе страдаме долго и ќе се обидуваме да победиме во натпревари, но ќе треба време. Треба да го сфатиме тоа и да размислуваме и да бидеме прагматични бидејќи овие момци имаа само два дена тренинзи за да сменат толку многу, изјави Аморим за „ESPN“.
Манчестер јунајтед го објави назначувањето на 39-годишниот Аморим за главен тренер на 1 ноември. Во првиот натпревар под негово водство, Манчестер јунајтед викендот ремизираше (1:1) со Ипсвич.
Тимот од „Олд Трафорд“ се наоѓа на 12. место во Премиер лигата со 16 бодови. Во следното коло кое ќе се игра на 1 декември, Јунајтед на домашен терен ќе игра со Евертон.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора