Амнести Интернешнал со осуда за изборот на Раиси за претседател на Иран
Амнести Интернешнл (АИ) го осуди изборот на Ебрахим Раиси за претседател на Иран и повика на истрага против него за „злосторства против човештвото“.
„Фактот дека Раиси ја достигна позицијата претседател, наместо да биде под истрага за злосторства против човештвото поради убиства, киднапирања и тортури, е мрачен потсетник дека во Иран владее неказнивост“, оцени во писмената изјава генералната секретарка на АИ, Агнес Каламар.
Организацијата, според соопштението, презентирала докази во 2018 година дека Раиси бил член на комисија што насилно киднапирала и без судска одлука тајно погубила илјадници политички неистомисленици во затворите Евин и Гохардаш кај Техеран во 1988 година.
Иранските власти сè уште систематски ги прикриваат местата каде што се наоѓаат телата на жртвите, а Каламар го оцени тоа како злосторство против човештвото.
Во соопштението се додава дека тој, како министер за правда на Иран, учествувал во прогон на стотици неистомисленици и активисти и во кршење на човековите права.
Како што се наведува, Раиси дојде на претседателската функција „по изборниот процес кој беше спроведен во крајно репресивно опкружување“.
„Забрането е да се кандидираат жени, припадници на верски малцинства и кандидати со спротивставени ставови“, рече Каламар, повикувајќи ги членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации да преземат „конкретни чекори за решавање на кризата на системска неказнивост во Иран“.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка