Живот
3. September 2019 - 9:00

Американско училиште го забрани „Хари Потер“ - децата би можеле да повикуваат зли духови

Католичко училиште во американската сојузна држава Тенеси ги отстрани книгите „Хари Потер“ од своите бибилиотеки бидејќи училишниот свештеник смета дека оние кои ги читаат, можат да повикуваат зли духови.

Свештеникот Ден Рихил од католичкото училиште „Сент Едвард“ консултирал „истерувачи на демони” од САД и Рим и вели дека тие го советувале да ги тргнат книгите.

-Клетвите и обредите во овие книги се вистински клетви и обреди, кои кога еден човек ќе ги изговори, постои ризик да повика зли духови, образложи Рихил.