Американско разузнавање: Трамп ќе се соочи со зголемен ризик од меѓународни конфликти
Владата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе се соочи со ризик од меѓународни конфликти и отстапување од демократските вредности, предупредува американското разузнавање.
- Случувањата во економијата и политиката, технолошките промени и загубата на лидерството на САД даваат основа за мрачна и тешка иднина, се вели во извештај на Националниот совет за разузнавање насловен – Глобални тенденции:Парадоксот на прогресот.
– Во следните пет години ќе има големи тензии во и меѓу државите. За добро или лошо, глобалниот пејзаж ја турка кон крај ерата на американско лидерство по Студената војна.
Таков извештај се објавува на секои четири години колку е и претседателскиот мандат. Оваа година во извештајот се опишани предизвици со кои ќе се соочи американската влада: екстремни разлики во приходите, демографски потреси, последици од климатски промени, пораст на конфликти.
– Ќе биде многу тешко да се одржи меѓународната соработка и да се управува како што очекува општеството, наведуваат авторите.
Според нив, над моделот на либерализмот, што преовладува во западниот свет, е надвисната закана на популизам – левичарски и десничарски.
– Народите ќе сакаат од владите да им гарантираат безбедност и просперитет, но стагнацијата на приходите, поларизацијата и големиот број предизвици ќе направат пречки, се вели во извештајот.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени