Американските научници: Вирусот зика предизвикува аномалии при самото раѓање
Американски научници и здравствени службеници потврдија дека вирусотот зика предизвикува деформации при самото раѓање, вклучувајќи ја и микроцефалијата.
- Научниците од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) заклучија при внимателно следење на постоечките докази дека зика предизвикува микроцефалија и други тешки мозочни нарушувања, се наведува во соопштението од Центарот.
Заклучокот е базиран во дел од серијата испитувања кои беа направени во Бразил, каде илјадници бебиња во текот на изминатата година се родени со деформитети, што се совпадна со инфекциите предизвикани од вирусот зика.
Директорот на ЦДЦ Том Фриден соопшти дека оваа најнова студија претставува пресврт во врска со епидемијата на зика вирусот, пренесува Танјуг.
Експертите меѓутоа предупредуваат дека овој вирус може да се пренесува и преку сексуалниот контакт.
- Се што сега знаеме за овој вирус изгледа пострашно од првичните претпоставки, вели доктор Ан Шухат, експерт во Центарот за контрола и заштита од заразни болести.
Досега во САД се регистрирани 346 случаи на зика во континенталниот дел од земјата и сите поврзани со некое патување во заразените реони.
ЦДЦ ги предупреди бремените жени да не патуваат во регионите каде вирусот на зика веќе е раширен, какви што се некои од земјите на Латинска Америка и на Карибите.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција