Свет
12. July 2016 - 11:34

Американскиот министер за одбрана пристигна во Авганистан

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер пристигна во ненајавена посета на Авганистан, еден ден откако го посети Ирак.

Авионот на Картер слета изутринава во американската воена база Баграм, на 50 километри од Кабул.

Во Кабул Картер ќе има средба со претседателот на Авганистан Ашраф Гани, со премиерот Абдула Абдула и со американски воени команданти.