Американски воени единици во Ирак и Сирија нападнати со дронови четири пати во рок од неколку часа
Американскиот воен претставник рече дека две локации на американските сили и нивните меѓународни сојузници во североисточна Сирија вчера биле нападнати со повеќе проектили и беспилотно летало. Кон воздухопловната база Аин ал Асад, која се наоѓа западно од главниот град на Ирак, Багдад, исто така полетале дронови.
Беспилотно летало нападнало и американска база во близина на аеродромот во градот Ебрил во северен Ирак.
Одговорноста за нападите ја презеде групата „Исламски отпор во Ирак“. Според аналитичарите, станува збор за спојување на неколку ирачки милиции поврзани со Иран.
Нападите се случија само еден ден откако САД извршија напади врз борците на групата Катаиб Хезболах со седиште јужно од Багдад. Акциите на американската војска ги осуди ирачката влада, која рече дека „водат до ескалација и го нарушуваат суверенитетот на земјата“.
Ново на Сител
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот