Американски весник: САД нема да и испрати на Украина борбени дронови затоа што се плаши од напад врз Русија
САД нема да испратат напредни моќни борбени дронови од типот Grey Eagle MQ-1c во Украина, јави Вол Стрит Џурнал повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден смета дека употребата на овие дронови може дополнително да го ескалира конфликтот затоа што ќе и овозможи на Украина да нападне руска територија.
Во американската одлука да не се испраќаат напредни борбени дронови во Украина има уште еден фактор – Америка стравува дека технологијата што се користи во беспилотните летала Grey Eagle MQ-1 C може да падне во руски раце, пишува весникот.
И Киев и некои американски конгресмени лобираа да се испратат вакви дронови во Украина, но очигледно, барем засега, тоа нема да се случи, велат изворите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
