Живот
21. November 2018 - 19:21

Американски турист го посети забранетиот остров: Не ги послуша предупредувањата и тоа го плати со глава

Припадниците на племе на островот северен Сентинел, убиле американски турист кој успеал да се симне на островот и покрај забраната.

Џон Чау (27) му платил на локален рибар да го превезе до островот во Индискиот океан кој е забранет зошто припадниците на локалното племе се многу агресивни, а властите се обидуваат да ги заштитат.

Како што соошти полицијата штом излегол од бродот Чау го опколиле жителите на островот и го убиле. Според друг извор тој само што излегол на брегот бил сосишан со дожд од стрели, а нешто потоа го опколиле домородците и го задавиле.

Рибарите ден подоцна го пронајдоа неговото тело и го пријавија случајот. Островот е под заштита за локалната полупација домородци кои се претпоставува дека ги има 150, да се заштитат од модерните болести.

Ова не е прв случај на напад на овие домородци на странци. Во 2006 година двајца рибари го закотвиле бродот во близина на островот за да преспијат, но тој се ослободил и се насукал на бреот. Веднаш биле убиени.